Бобан ја напушти ФИФА и се врати во Милан за да работи со Малдини


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Милан, Звонимир Бобан ја напушти ФИФА и реши да се врати на „Сан Сиро“ за да преземе функција во стручниот штаб.

Милан соопшти дека Бобан ќе соработува со новиот спортски директор и легендарен капитен на клубот, Паоло Малдини.

Бобан досега беше заменик на генералниот секретар на Меѓународната фудбалска организација (ФИФА), но поради повикот на клубот, за кој настапуваше од 1991 до 2001 година, тој реши повторно да се врати во Милано.

ФИФА на официјалниот сајт ја потврди веста дека Хрватот заминува од функцијата на која беше од мај 2016 година, односно дека нема да биде специјален советник на претседателот Џани Инфантино.