Ѕвезда на Реал му порача на Зидан: Нема проблем, не сака ниту ја да работам со вас!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По промашената сезона на Реал Мадрид, откако беа урнати неколку негативни клупски рекорди, „кралевите“ се активни во овој преоден рок во кој потрошија 300 милиони евра досега.

Сепак, очигледно од тимот ќе си заминат и неколку фудбалери, а еден од нив би требало да е Дани Себаљос.

„АС“ пишува дека тренерот Зинедин Зидан на Шпанецот јасно му порачал дека нема да смета на него и дека не му се вклопува во плановите, а наводно Себаљос мирно го прифатил тоа и порачал: Нема проблем, не сакам ниту јас да работам со вас.

Зидан и Себаљос никогаш не биле во добри односи, а сега е сигурно дека нивните патишта ќе се раздвојат. Неколку клубови го посакуваат Шпанецот, а прв е Тотенхем, кој во него гледа замена за Кристијан Ериксен.