Викендов за прв пат во Охрид ќе се организира меѓународен таеквондо ИТФ турнир „Охрид Опен 2019“ (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец, Охрид, отиде чекор понапред и овој викенд самостојно ќе организира голем Таеквондо ИТФ Турнир.

Турнирот „Охрид Опен 2019“ ќе се одржи во спортската сала „Билијанини извори“ и на истиот ќе има околу 250 натпреварувачи од седум држави.

„На турнирот своето учество го имаат потврдено клубови од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Австрија и Македонија. Бидејќи долги години немаме организирано голем турнир, на овој очекуваме „само“ околу 250 натпреварувачи колку да фатиме ритам во организацијата на ваквите настани. Искуството за организирање на вакви турнири не е на наша страна, па токму затоа се решивме на ваков чекор, а во иднина се надеваме дека овој турнир ќе прерасне во традиција и многу клубови од многу земји ќе го посетат Охрид каде ќе се натпреваруваат, а воедно ќе ги видат и убавините на нашиот град.

Турнирот свечено ќе го отвори градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, а судењето ќе биде електронско и ќе го води г-н Вергилиј Ситнилски, носител на црн појас VI дан кој е и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација и потпретседател на судиската комисија за југоисточна Европа. Борбите ќе бидат пренесувани во живо, благодарение на Стојан Стојановски кој е еден од најдобрите во цела Македонија“- истакна Марјанчо Лазаревски (црн појас  V дан), претседателот на „ХВА РАНГ ИТФ“ и претседател на Македонската ИТФ федерација.