Алесандро Неста доби нов тренерски ангажман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот италијански штопер Алесандро Неста со кариерата како фудбалер ја заврши 2012. година, а официјално кариерата ја заврши во 2014. кога заврши неговата авантура во Индија.

Брзо влезе во тренерските води и зад негo веќе има два ангажмани на позицијата шеф на стручен штаб.

Прв му беше во американскиот Мајами ФК, а минатата сезона ја помина на клупата на Перуџа.

Неста не успеа да ја внесе Перуџа во Серија А, а откако беше елиминиран во плеј-оф-от од Верона се раздели со овој клуб.

Меѓутоа, не чекаше долго за нов ангажман.

Имено, Алесандро Неста повторно ќе работи во Серија Б затоа што официјално е потврден како нов шеф на Фросионе, екипа која не успеа да го зачува статусот на италијански прволигаш.

Неста потпиша двегодишен договор, а во среда и официјално би требало да биде претставен.