Ферари донесе одлука: Сакаме уште еднаш да се прегледа инцидентот во Канада (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред десет дена во Монтреал беше одржана трката за Големата награда на Канада. Во таа трка прв низ целта помина Себастијан Фетел, кој водеше од првиот до последниот круг, на но крајот победи Луис Хамилтон поради еден инцидент во финишот на трката.

Тогаш Фетел направи грешка и излета од патеката, а по враќањето го загради Хамилтон и така не му дозволи да го преземе првото место. ФИА веднаш го казни Германецот, откако му додаде пет секунди на крајното време.

Фетел го покажа незадоволството по одлуката на ФИА, а сега реагираше и Ферари, кој денеска соопшти дека не се откажуваат и сакаат ФИА повторно да ја погледне спорната снимка, зашто веруваат дека Германецот во тој случај би можел да биде победник.

ФИА според правилникот може да ја промени одлуката доколку на видеото забележи нешто ново и сфати дека Фетел не можел поинаку да реагира. Ферари ќе ги претстави своите докази во следните денови, а уште не е познато кога ќе биде донесена конечната одлука за победникот.