Шкендија го дозна противникот во квалификациите во ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска на ждрепката Шкендија за противник во првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ) ќе игра против Номе Калју.

Екипата од Тетово го доби најлесниот противник во квалификациите, па Шкендија е огромен фаворит за да ја помине првата рунда од квалификациите.

На тој начин Шкендија ги избегна Клуж и Ференцвашор, кои беа поквалитетни екипи од Номе Калју, но сепак во второто коло Тетовци ќе имаат тешка задача.

Првите натпревари во квалификациите на ЛШ се играат на деветти и десетти јули, а реваншите се една недела подоцна.