Навивач на Реал Мадрид нарачал дрес од Еден Азар, а пристигнал со „погрешен” број


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Едем Азар официјално беше претставен минатата недела како ново засилување на Реал Мадрид.

Азар беше пречекан од Сантијаго Бернабеу од преку 50.000 навивачи кои беа воодушевени што Флорентино Перез успеал да донесе големо засилување, откако пред една година овој клуб го напушти Кристијано Роналдо.

Белгиецот излезе на терен во дресот на кралскиот клуб, но немаше број на него. Азар призна дека го побарал дресот со број десет од Лука Модриќ, но на крајот, хрватскиот играч не му излегол во пресрет.

Многумина веруваат дека Азар во наредната сезона ќе носи дрес со број седум, а еден од навивачите на Реал има доказ за тоа. Имено, тој нарачал дрес од Азар со број десет, но на крајот добил нешто друго.

„Избрав број десет во онлајн продавницата на Реал Мадрид, но кога пристигна дресот на него беше бројот 7. Ако ова не е доказ кој број ќе го добие Азар, тогаш навистина не знам што е“, рекол навивачот на кралевите.

Тој подоцна ги контактирал и побарал од нив да му дадат дрес со бројот десет, бидејќи тоа е омилениот број на Азар, но тие одбиле.