Новиот газда на Фиорентина му кажа „НЕ“ на Јувентус


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новиот сопственик на Фиорентина, Роко Комисо кажа дека нема да го продаде Федерико Кјеза ниту за 100 милиони евра, зашто на клубот не му се потребни пари.

Еден од најбараните фудбалери на трансфер-маркетот нема цена според новиот газда.

„Кјеза за мене е најдобар. Нема да го продадам ниту за 100 милиони евра. Не ни требаат пари. Во неговиот оговор нема излезна клаузула. Го сакам во клубот барем уште една сезона“, кажа Комисо.

Комисо кажа дека уште не разговарал со фудбалерот, но преговори ќе имаат во следните денови, по што ќе се донесе конечната одлука. А дотогаш младиот фудбалер треба да се концентрира на репрезентацијата на Италија.