Бенитез си оди од Њукасл и се сели на неочекувана дестинација


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Тригодишниот престој на Рафаел Бенитез во Њукасл би можел да заврши во следните денови откако шпанскиот тренер сериозно размислувал да ја прифати екстра богатата понуда од кинески тим.

Бенитез добил понуда од неверојатни 12 милиони фунти годишна плата да го преземе кинескиот тим Далиан Јифанг.

Шпанецот се поврзуваше и со шокантно враќање во Челси, но таа опција брзо беше исклучена, па Бенитез преговараше со Мајк Ешли за да остане во Њукасл.Сепак, по понудата од Кина, со речиси сигурно Бенитез ќе си замине од „Сент Џејмс Парк“.