Меси побарал од претседателот на Барса да го врати Нејмар на Камп Ноу


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нејмар во 2017. година во трансфер вреден 222 милиони евра ја напушти Барселона и премина во ПСЖ.

Бразилецот од своето доаѓање во Франција па се до денес одигра вкупно 58 наторевари во кои постигна 51 гол и запиша 29 асистенции, иако имаше проблеми со повредите, но се чини дека сепак ќе го напушти овој клуб.

Играчот на ПСЖ наводно и порано оваа година сакал да го напушти клубот и да се врати во Барселона, а сега според информациите од Шпанија тоа би можело да се случи со оглед на тоа дека Меси побарал од упрвата да го вратат Нејмар назад во каталонскиот клуб.

Ел Мундо тврди дека капитенот на Барселона побарал од претседателот на клубот да го доведат назад Нејмар на Камп Ноу.

Шпанците додаваат дека Барселона размислува во целата работа да го вклучи и Антоан Гризман со кој од порано имаат постигнато усен договор.

Ел Мундо додава дека проблем би можела да биде платата на Бразилецот која изнесува скоро 37 милиони евра годишно, а исто така се додава и фактот дека Нејмар имаше доста повреди во последно време, па големо е прашањето дали вакво нешто ќе се исплати.