Платини излезе од затвор и порача: Ме прашуваат за Мундијалот во Русија, Катар и Евро 2016…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини беше пуштен утринава од полиција по сослушување во рамки на истрагата во врска со доделувањето на организацијата на Мундијалот во 2022 година на Катар.

Французинот беше приведен во вторник, па многумина го обвинија дека го наместил Мундијалот, но тој денеска беше пуштен, па даде изјава за новинарите.

„Беше долго, но според бројот на прашања, можеше и подолго, со оглед на тоа дека ме прашуваа за Евро 2016, Мундијалот во Русија и Светското првенство во Катар“, порача Платини.

Предмет на француското обвинителство се и Мундијалот во Катар и во Русија, поради сомнеж за некакви неправилности.

Изјава за медиумите даде и авокатот на Платини, кој го бранеше својот клиент.

„Мишел го доживеа овој притвор како неправеден. Тој не е поврзан со случувањата. Тој е самоуверен во тоа што следува“, објаснува адвокатот.