Е. Работник гради моќен тим: Во Битола пристигна словенечки ракометар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Битолската екипа Еурофарм Работник денеска го донесе четвртото засилување за следната сезона, откако го потврди трансферот на словенечкиот среден бек Анже Ратајац.

Ратајац пристигна во Битола од австриски Ферлах, па ќе биде големо засилување за Битолчани, кадешто се очекува да остане во наредните две години.

Словенечкиот ракометар ќе му биде на располагање на тренерот Стевче Алушковски од следниот месец, па така ќе им се приклучи на останатите ракометари на Е. Работник.

Словенецот е четвртото засилување за Работник, откако претходно во вицешампионот пристигнаа Митревски, Велковски и Маџовски.

Чисто за потсетување, Е. Работник аплицираше за „вајлд-карта“ во Лигата на шампиони, па тие се надеваат дека на 25 јуни во Виена, ЕХФ ќе одговори позитивно на нивното барање.