Познати можните противници на македонските претставници во ЛЕ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските екипи кои ќе настапуваат во квалификациите за Лига Европа (ЛЕ), Македонија ЃП, Академија Пандев и Шкупи ги дознаа можните ривали во второто квалификациско коло.

Академија Пандев, доколку го поминат Зрињски во првото коло, ќе се соочат против Утрехт и тоа е навистина тешка пречка за Стурмичани.

Од друга страна, Македонија ЃП доколку го совладаат Алкашерт , ќе играат против ФСЦБ, односно поранешна Стеауа.

Шкупи има тешка и во првото коло против Пјуник, а потоа треба да се соочи против Јаблонец, па Чаирчани ќе треба добро да се испотат за пласман во следното квалификациско коло.

Првите натпревари од квалификациите се играат на 25 јули, а реваншите се една недела подоцна.