Голманско изненадување во Вардар: Познат наслендикот на Милосављев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Вардар и официјално ја презентираа замената за Дејан Милосављев кој од следната година ќе го чува голот на Фуксе Берлин.

Нов голман на вардарци е летонскиот репрезентативец Кугис Артурс кој веројатно во клубот доаѓа по препорака на Даинис Криштопанс.

Станува збор за 26 годишен голман кој досега бранеше за тимот на Гросвалштат, член на второто по ранг натпреварување во Германија, Бундеслига 2.

Кугис имаше забележителни настапи за репрезентацијата на Летонија со која обезбеди пласман на Европското првенство што следната година ќе се одржи во четири земји.

„Навистина сум среќен што потпишан договор со Вардар, и ќе бидам дел од еден од најдобрите спортски тимови во ракометот. Се разбира со потпишувањето на овој договор си поставив и цел да бидам најдобар што можам. Скопје за мене е центарот на ракометот. Се надевам заедно можеме многу да постигнеме. Сакам да се заблагодарам на клубот што ќе можам да играм за Вардар. Едвај чекам да играм во „Јане Сандански”, изјави Кугис Артурс.