Солскјер „врза“ уште еден миленик на фановите: Хуан Мата и следните три сезони на „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и ќе остане на „Олд Трафорд“ во следните три години.

Доста се пишуваше дека Мата ќе ја продолжи кариерата во Барселона или Атлетико Мадрид веднаш откако неговиот договор ќе истече, но тоа сепак нема да се случи.

Актуелниот договор на шпанскиот фудбалер кој е еден од милениците на фановите истекуваше на 30 овој месец, но сега истиот ќе има нова важност од три години.

Инаку Хуан Мата пристигна во Манчестер Јунајтед во јануари 2014 година и еден од играчите со најдолг стаж во тимот.