Арсенал заинтересиран за играч на Селтик


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пренесува дека од таборот на Арсенал се заинтересирани за одличниот фудбалер на Селтик, Кјеран Тиерни.

Унаи Емери го идентификувал 22 годишниот фудбалер како перфектен избор за конкуренција на Сеад Колашинац и Начо Монреал кои играат на левата бековска позиција.

Тиерни има договор со шкотскиот гигант до 2023 година, а од Арсенал во следните неколку денови ќе ја испратат првата поконкретна понуда.