На ЛеБрон и Дејвис им пристигнува одлично засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерси од наредната сезона ќе биде главен кандидат за врвот во НБА лигата.

Трејдот во кој го добија Антони Дејвис потполно ја смени сликата на најсилната лига во светот за наредната сезона, а после размените сега е потребно на Леброн и Дејвис да им се доведе помош.

Извесно е дека Лејкерси треба да доведат уште некоја ѕвезда. За тоа имаат простор, но ќе мора да го потполнат и остатокот на ростерот.

Еден од играчите кои би можел да пристигне е одличниот крилен кошаркар Боби Портис. Овој 24-годишник имаше доста добра сезона позади себе која од Чикаго Булс премина во Вашингтон Визардс.

Неколку НБА тимови покажаа интерес за неговите услуги, а меѓу нив се и Лејкерси.

Изминатата сезона овој некогашен студент на универзитетот Арканзас имаше навистина добри бројки. Уфрлуваше преку 14 поени по меч и имаше осум скокови.

Сега дојде време за нов предизвик во кариерата, а ќе видиме дали ќе го засили тимот од Лос Анџелес.