Очигледно Џејмс Родригез нема ништо против преминување во Наполи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Колумбискиот играч Џејмс Родригез се повеќе се доведува во врска со преминување во Наполи.

На него му заврши двегодишната позајмица во Баерн на крајот од оваа сезона, а Баварците не искористија опцијата да го откупат неговиот договор.

Токму поради тоа Џејмс се врати во Реал со кој сеуште има договор, но се чини дека повеќе нема да заигра за овој клуб.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Џејмс ќе премине во Наполи, а се чини дека ни самиот играч нема ништо против тоа.

„Наполи има актуелна историја која е уште од времето на Диего Марадона. Мислам дека би ми било добро во тој контекст. Сепак, моментално размислувам само за Копа Америка и репрезентацијата“, рече Џејмс после мечот против Катар во микс зоната.

Инаку, неговата Колумбија после двете кола во групната фаза е лидер во групата Б со максимални шест бодови, а во последното коло игра против Парагвај.