Моментот од 94-та минута на натпреварот помеѓу Аргентина – Парагвај најдобро покажува што значи Меси за Гаучосите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси, најверојатно ќе доживее уште едно разочарување на некој од натпреварите за националниот тим.

Можеби дури и најдобриот играч на сите времиња не може никако да освои некој трофеј со Гаучосите. Тој одигра неколку финалиња, но среќата едноставно не беше на негова страна.

Иако на хартија има супер-силен тим со некои од најдобрите играчи на денешницата, како што се Серхио Агуеро или Ангел Ди Марија, сепак Аргентина не успева да освои трофеј.

Аргентина на ужасен начин го започна овогодишното издание на Копа Америка, по поразот од Колумбија (0: 2), а со Парагвај одиграа реми (1: 1).

Стрелецот на единствениот гол за Аргентина го постигна Меси, а сцената од 94та минута од натпреварот е најдобар показател што значи ѕвездата на Барселона на оваа репрезентација.

Имено, Меси ја превзеде топката во центарот на теренот и се упати кон противничкиот гол, додека неговите соиграчи стоеја и чекаа нивниот капитен да направи нешто …