Атлетико Мадрид донесе засилување од Реал Мадрид за 35 милиони фунти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Атлетико Мадрид денеска и официјално објавија дека постигнале договор со Реал Мадрид за ангажман на нивниот фудбалер, Маркос Љоренте.

24 годишниот играч од средниот ред со Атлетико Мадрид потпиша петгодишен договор, а „кралевите“ за него добија сума од 35 милиони фунти.

Љоренте минатата сезона одигра само 16 натпревари во дресот на Реал Мадрид, но и покрај тоа „јорганџиите“ одвоија значителна сума за неговите услуги.

Фудбалерот пристигнува на „Ванда Метрополитано“ како замена за Родри кој се поизвесно ќе си замине во Манчестер Сити.