Каталонците си направија проблем: Барселона одби да го донесе Рабио, па сега мора да му плати…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Адриен Рабио на крајот на месецов ќе стане слободен фудбалер, зашто му завршува договорот со ПСЖ, па ќе си бара нов клуб, кадешто ќе ја продолжи својата кариера.

Рабио претходните шест месеци не настапуваше затоа што одби да потпише нов договор со ПСЖ, па беше префрлен во јуниорскиот тим.

Многумина сметаа дека Рабио ќе се пресели во Барселона, со која имаше пред-договор, но Каталонците го прекршија и решија да не го ангажираат.

Шпанските медиуми објавија дека поради тоа Барселона ќе мора да му плати два или три милиони евра, зашто го прекршиле пред-договорот, а Рабио се очекува кариерата да ја продолжи во Јувентус.