Манчестер Јунајтед ја одреди цената на Лукаку, Интер ќе мора да го продаде Икарди


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед се уште не добил понуда на своја адреса за услугите на Ромелу Лукаку.

Англискиот клуб го проценува напаѓачот на 75 милиони фунти и ќе го продаде само за пари и нема да разгледува понуди кои ќе вклучуваат и играч.

Интер го посакува белгискиот напаѓач во своите редови, но не може да ги исплати парите затоа што така ќе ги прекрши правилата на Финансискиот фер плеј.

За да го донесе Лукаку, Интер ќе треба да продаде една од своите ѕвезди, а веројатно тоа ќе биде Мауро Икарди кој со сигурност ќе си замине од клубот ова лето.