Во Манчестер Јунајтед се надеваат дека ќе ги комплетираат овие седум трансфери ова лето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер сврти нов лист во историјата на Манчестер Јунајтед, и наместо носење големи ѕвезди ова лето во тимот ќе донесе млади и недокажани фудбалери кои допрва ќе треба да градат кариера на „Олд Трафорд“.

Прво име кое пристигна во Манчестер Јунајтед беше Даниел Џејмс, а следниве денови тимот треба да го засили и Арон Ван Бисака.

Веднаш штом се комплетира трансферот на Ван Бисака, од Манчестер Јунајтед ќе тргнат по услугите на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон.

Освен Фернандеш, опција за средниот ред ќе биде и Шон Лонгстаф, млад фудбалер кој минатата сезона одигра 12 натпревари во Премиер лигата како член на Њукасл. Најмалку веројатна опција за средниот ред е играчот на Евертон, Идриса Гана Геје.

„Ѓаволите“ се поврзуваат и со ангажман на офанзивецот од Лестер, Џејмс Медисон, како и за Муса Дембеле од Лион и Иса Диоп од Вест Хем.

Интересно е што сите играчи кои ги сака Оле Гунар Солскјер се под 25 години и сите може да остава трага во поновата историја на Манчестер Јунајтед.