Навивачите на Барса со жестока реакција за можното враќање на Нејмар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Уште не е познато каде Нејмар ќе ја продолжи својата кариера, откако наводно разговарал со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и му кажал дека сака да го напушти Париз.

Газдата на ПСЖ се согласи на трансфер, но побара дури 300 милиони евра за потписот на Бразилецот, што е речиси невозможно да биде платено од некој клуб.

Сепак, Барселона има друга идеја, а тоа е да понуди 100 милиони евра и некој фудбалер, како што се шпекулираше вчера, а денеска наводно ја почнале операцијата за да го вратат Бразилецот на „Камп Ноу“.

Но, навивачите на Барселона не го сакаат Нејмар повторно во клубот, па во анкета на „Мундо Депортиво“ дури 71,2% сметаат дека е грешен потегот на Каталонците.