Скубе по потпишаниот договор со Вардар: Среќен сум што ќе останам уште три години!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Словенечкиот ракометар Сташ Скубе потпиша нов договор со европскиот шампион Вардар, па во таборот на „црвено-црните“ ќе остане уште три години, односно до 2022 година.

Словенецот му помогна на Вардар да стигне до трофејот во Лигата на шампиони, откако постигна 59 погодоци.

Од таборот на Вардар соопштија дека се среќни што се договориле со Скубе и со тоа што Словенецот ќе остане во клубот до 2022 година.

„Јас сум навистина среќен што ќе го носам овој дрес уште три години. Ќе се борам за нашите цели до крај“, кажа Скубе.