„Спорт“ со ексклузива: Започнаа преговорите за Нејмар меѓу Барселона и ПСЖ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што јавува „Спорт“ разговорите помеѓу Барселона и ПСЖ за трансфер на Нејмар започнале пред неколку денови.

Јасно е дек Каталонците нема да се согласат да платат 300 милиони евра за Нејмар, сумата која ја бара ПСЖ, но подготвени се да го пуштат Кутињо во Париз и да понудат плус 100 милиони евра.

Иако ПСЖ е заинтересиран во своите редови да го види Кутињо, сепак се верува дека нема да ја прифати оваа понуда.

„Спорт“ пишува дека од Барселона плус би можеле да го вклучат и Умтити со цел да ги убедат челниците на ПСЖ да ја прифатат понудата.