МЗТ Скопје и следната сезона ќе игра во АБА2


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот тим МЗТ Скопје ќе се натпреварува во АБА2-лигата, а тоа денеска беше официјално потврдено од екипата од Аеродром.

Минатата сезона МЗТ за „влакно“ испушти пласман во елитата, односно во АБА-лигата, откако загубија во баражот против Задар.

„Ова е наша втора сезона во АБА2-лигата, во која ќе се обидеме да се пласираме во елитатата. Минатата сезона имавме квалитетни натпревари и сериозни противници, па сметаме дека е идеално и следната сезона да настапиме во натпреварувањето“, соопштија од МЗТ Скопје.

Да потсетиме, минатата сезона МЗТ најпрво загуби против Приморска, по што мораше да игра во плејофот против Задар, но ниту таму немаше среќа, па така го испушти пласманот во АБА-лигата.