Нејмар имал чудно изненадување за фудбалерите на Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Нејмар е пред трансфер во Барселона. Наводно, Каталонците и ПСЖ ги почнале преговорите за Нејмар и тој би требало да се врати во клубот, од кој си замина во Париз за 222 милиони евра во 2017 година.

Бразилецот не е среќен во Франција, а имаше и големи проблеми минатата сезона, меѓу кои и скандалот во кој беше обвинет за силување.

Нејмар постигна 51 гол во 58 меча за ПСЖ, но не е задоволен со атмосферата на „Паркот на Принцовите“, па поради тоа сака да се врати во Каталонија.

Шпанските медиуми денеска објавија дека Нејмар, наводно, им испратил порака на поранешните соиграчи од Барселона.

„Не грижете се, доаѓам“, наводно напишал Нејмар во пораката, која ја виделе сите членови на Барселона.