Дани Алвес се понудил на Барселона, но тие за негово враќање не сакаат ни да чујат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот бразилски фудбалер Дани Алвес потврди дека ќе го напушти ПСЖ ова лето бидејќи му истекува договорот.

Алвес има договор со Парижаните до крајот на овој месец и одлучи дека нема да остане во францускиот клуб и дека повторно ќе ја промени средината. БРазилецот одигра две сезони во ПСЖ откако стигна како слободен играч од Јувентус.

Низ шпанските медиуми веднаш почна да се шпекулира дека Алвес ќе се врати во Барселона за која играше дури осум сезони. Тој ги помина најдобрите денови од кариерата таму, а клубот го напушти во 2016. година кога премина во Јувентус.

Каталонски Спорт објави дека Алвес изразил јасна желба дека сака да се врати во Барселона и да одигра барем уште една сезона во дресот на каталонскиот клуб.

Меѓутоа, се чини дека на Камп Ноу се се заинтересирани за тоа, посебно поради начинкот на кој Алвес си замина пред три години. Тогаш бараше раскинување на договорот и одлучи да потпише за Јувентус каде се задржа само една сезона.

Иако преку агентот им прати на Барселона порака дека можат да го доведат бесплатно, ова наводно каталонците го одбиле и му порачале дена после се едноствано не сакаат повторно тој да го носи дресот на Барселона.