Кристијано Роналдо вечераше со Мајкл Џордан: „Створивме историја“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи во светот Кристијано Роналдо сеуште се наоѓа на заслужен одмор.

Португалскиот играч најпрво одмараше во Грција, а сега со фамилијата се наоѓа на Азурниот брег. Во петокот го посети и новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, со кого разговараа за плановите за новата сезона.

Роналдо ужива на одмор, а тоа најдобро покажуваат и неговите фотографии на социјалните мрежи. Португалецот синоќа објави фотографија која ги воодушеви неговите фанови.

Имено, Роналдо имаше прилика да го запознае најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан со кој вечераше. Џордан исто така беше во Франција на краток одмор. Описот под фотографијата која ја постави Роналдо навистина говори се.

View this post on Instagram

We made history ⚽️??

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on