Карачиќ се збогуваше со Вардар: Засекогаш ќе бидете во моето срце! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ по седум години се збогуваше со Вардар и кариерата ја продолжи во Кјелце, кадешто ќе остане во наредните три сезони.

Карачиќ со „црвено-црните“ стигна до два трофеи во Лигата на шампиони, па стана легенда на клубот од Скопје, а најави и дека еден ден би можел да се врати назад.

Хрватот беше претставен пред неколку дена во Кјелце, а денеска на социјалните мрежи испрати порака до Вардар и Македонија, кое воедно е и негово збогување.

„Огромно благодарам за клубот, ракометарите и навивачите, кои беа покрај мене во оваа прекрасна приказна во Вардар. Засекогаш во моето срце!“, порача Карачиќ на социјалните мрежи.