Стоилов нема повеќе проблеми: Санирана му е повредата на коленото (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Столе Стоилов е на рехабилитација по операцијата на неговото лево колено, а првите впечатоци по зафатот се позитивни.

Ракометарот на Вардар нема повеќе болки, па ќе може да прави основни вежби во почетниот период, а за кратко би требало да се врати и на теренот.

„Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата капитенот на РК Вардар на денешниот контролен преглед ни откри дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, коишто ќе потпомогнат за побрза рехабилитација.

Му посакуваме брзо опоравување и што поскоро враќање на терените ❤️“, соопштија од „Систина“.