ПСЖ испраќа богата понуда за српски репрезентативец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека од таборот на ПСЖ ќе се обидат во своите редови да го донесат фудбалерот на Лацио и репрезентативец на Србија, Сергеј Милинковиќ- Савиќ.

Новиот спортски директор на клубот, Леонардо, изразил голема желба да го донесе фудбалерот кој заврши уште една успешна сезона во дресот на Лацио.

ПСЖ подготвува понуда од 75 милиони евра која ќе ја испрати на адреса на римскиот клуб, а српскиот фудбалер би заработувал многу повеќе отколку во Лацио.

За Сергеј Милинковиќ- Савиќ постои интерес и од Јувентус, а се верува дека Лотито ќе прифати сума од околу 80 милиони евра за неговиоте услуги.