Барселона му постави четири услови на Нејмар кои мора да ги исполни ако сака да се врати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не е тајна дека Нејмар сака да се врати во Барселона, но јасно е дека трансферот нема лесно да се оствари.

Најпрво двата клуба треба да се договорат околу оштетата, но и самиот Нејмар треба да исполни неколку услови.

„Мундо Депортиво“ пишува дека од Барселона му задале четири услови кои мора да ги исполни за да се врати во таборот на каталонците.

Најпрво шпанскиот шампион ќе побара од Нејмар јавно извинување, потоа да побара трансфер од ПСЖ, да ја повлече тужбата, и на крај да прифати помала плата.