Неколку клубови сакаат да го доведат Дани Алвес, но еден опасно „загриза“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дани Алвес објави дека ќе го напушти ПСЖ ова лето.

Бразиецот после две сезони ги напушта редовите на францускиот првак и ќе стане слободен играч, а веќе се понуди на Барселона во надеж дека уште еднаш ќе заигра во дресот на каталонскиот тим, меѓутоа во овој клуб не се заинтересриани да го вратат Алвес назад на Камп Ноу.

Меѓутоа Франс Фудбал сега донесува изненадувачка вест дека Алвес би можел да потпише за Интер, нагласувајќи дека тој е идеален за системот на игра на Антонио Конте.

Сепак за 36-годишниот Бразилец постои интерес и од страна на Борусија Дортмунд, Манчестер Сиси и неименувани клубови од кинеската Супер лига.

Бразилецот има настапувано за големи клубови и има огромно искуство во играње во ЛШ и би бил добро решение за Интер.