„Бомба“ од Каталонија: Нејмар се договорил за петгодишна соработка со Барселона!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Каталонски „Спорт“ пишува дека Нејмар наскоро ќе потпише договор со Барселона, од кадешто замина пред две години во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.

Бразилецот, наводно, се согласил на сите услови кои му ги понудиле Каталонците, па ќе добие „само“ 24 милиони евра по сезона на „Камп Ноу“, а тоа е за 12 милиони помалку од тоа што го добива во францускиот шампион.

Напаѓачот има и резервна опција, односно трансфер во Реал Мадрид, кој му понудил подобри услови, но сепак Нејмар како приоритет ја смета Барселона.

Исто така, Бразилецот ќе треба да се откаже од тужбата, со која бара Барселона да му плати 26 милиони евра поради тоа што не бил целосно исплатен при преселбата во Париз, како и јавно извинување до сите навивачи.