„Франс Фудбал“: Милан прави спектакуларен трансфер, ѕвезда на Лион доаѓа на „Сан Сиро“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Франс Фудбал“ пишува дека Милан се вклучил во трката за фудбалерот на Лион, Набил Фекир. Овој 25-годишен фудбалер има само уште една година од договорот со францускиот клуб и претходно се поврзуваше со неколку европски клубови.

Фекир минатата сезона одигра 39 меча за Лион и притоа постигна 12 гола и девет асистенции, а францускиот медиум пишува дека „росонерите“ покажале интерес да го ангажираат искусниот фудбалер.

Директорите Звонимир Бобан и Паоло Малдини сакаат да направат конкурентен состав, па веќе имаат неколку желби, кои ќе се обидат да ги донесат на „Сан Сиро“ летово.

„Росонерите“ наводно за неговиот потпис подготвиле сума меѓу 35 и 40 милиони евра, а тоа би било доволно да ја задоволи управата на поранешниот француски шампион.