Агентот на Лукаку порача: Интер сериозно работи на негов трансфер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер сериозно е заинтересиран за Ромелу Лукаку и клубот се труди да го ангажира белгискиот напаѓач.

Тренерот на Интер, Антонио Конте сака во неговиот напад да ги има Един Џеко и Лукаку, кој е подготвен да го напушти Манчестер јунајтед.

Наводно, Интер и Лукаку се договориле, па се очекува уште договор меѓу клубовите, а наводно Јунајтед бара 75 милиони фунти за неговиот потпис.

Лукаку со Интер ќе потпише петгодишен договор и ќе заработува девет милиони евра годишно, додека не се откриваат неговите бонуси.

Менаџерот на Лукаку е убеден дека неговиот фудбалер би можел да се пресели во Интер, а им кажа на новинарите дека Интер сериозно работи на неговиот трансфер.