„Хамилтон си игра со нас“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мерцедес е доминантен во оваа сезона, тоа го приза и лутиот ривал.

Возачот на Ферари, Себастијан Ветел како што сам кажува е фрустриран од доминацијата на Луис Хамилтон.

Германецот е свесен дека не може да биде достоен конкурент на актуелниот првак, а колку е Ферари далеку од Мерцедес најдобро се осети минатиот викенд во Франција.

„Ризикував се на најбрзиот круг, додека Хамилтон оствари идентично време на истрошени гурми“, рече Ветел и додаде:

„Да престанеме да се залажуваме, Луис си игра со нас“, заврши Ветел.

После осум трки, Мерцедес потполно доминира како во конкуренција на инструтори, така и во поиденична конкуренција. Следната трка е на програмата во Недела на 30, јуни во Австрија.