Светската јавност потресена: Агентот на Сала ќе заврши во затвор!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трансферот на Емилијано Сала се „прослави“ и тоа во негативна смисла, откако Аргентинецот на почетокот на годината почина во страшна авионска несреќа, додека патуваше кон Кардиф.

Адвокатите на двата клуба, Нант и Кардиф потоа се препукуваа за тоа кој е виновен за несреќата на Сала, додека Вили Мекеј направи скандал со своето однесување пред тренинг-центарот на клубот од Велс.

Шкотот според англиските медиуми влегол во просториите на Кардиф и почнал да се заканува дека ќе ги тепа сите поради несреќата на неговиот клиент. Веднаш интервенирала и полицијата, па агентот добил неколку тужби.

Сега тој треба да оди на суд, кадешто ќе почне постапка против него, а доколку биде прогласен за виновен, тогаш Мекеј ќе добие двегодишна затворска казна.