Уште една легенда одлучи да го напушти Манчестер Сити


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Давид Силва на крајот од следната есзона ќе ги напушти редовите на Манчестер Сити.

Откако неодамна Етихад го напушти долгогодишниот капитен Винсент Компани, на ист чекор се одлучи уште една клупска легенда.

Одличниот везист кој во тимот на Гвардиола се истакна како лидер на теренот процени дека дошло време наскоро да му каже „збогум“ на Манчестер Сити и по завршувањето на сезоната да заокружи 10 години од играње на Етихад.

„Одлучив ова да биде моја последна сезона во дресот на Сити. Десет години е доволно и ова е совршен момент да одам“, изјави Силва.

Силва со Сити освои 4 титули во Премиер лигата, две од ФА купот, а одигра скоро 400 натпревари за Граѓаните.

Како потенцијални замени за Силва се споменуваат Набил Фекир, но и Јури Тиелеманс за кој се интересира и Манчестер Јунајтед.