Реал Мадрид се откажа од Погба и тргнува по ѕвезда на Наполи!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид веќе ангажираше неколку одлични засилувања, но тренерот Зинедин Зидан сака да донесе уште неколку фудбалери.

Еден од нив беше Пол Погба, но не можат да ја убедат управата на Манчестер јунајтед да го продаде својот фудбалер, па поради тоа „кралевите“ бараат други решенија и според „АС“ тие ќе тргнат по потписот на Фабијан Руиз од Наполи.

Руиз минатото лето од Бетис се пресели во Наполи за 30 милиони евра и одигра 40 меча, па постигна седум гола и три асистенции.

Главниот проблем за „кралевите“ е тоа што Руиз нема откупна клаузула, па се шпекулира дека Реал Мадрид ќе мора да плати неверојатни 95 милиони евра за неговиот потпис.