Жозе Мурињо се огласи и ги реши сите дилеми околу превземањето на Њукасл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Бенитез ја напушти клупата на Њукасл и веднаш почна да се зборува за тоа кој би можел да го наследи.

Едно од имињата што се појави беше Жозе Мурињо. Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед е без работа од декември кога го напушти клубот од Олд Трафорд.

Англиските медиуми вчера објавија дека Португалецот може да го превземе Њукасл, но Мурињо денес ја отфрли таа можност.

„Единствено што знам е дека не ја сакам оваа работа. Кристално е јасно што не сакам. Јас на секој натпревар сакам да одам на победа. Ми треба проект во кој можам да чувствувам дека играм за победа”, изјави Мурињо за англиските новинари.

„Ако некој ми понуди одличен десетгодишен договор и вели дека целта е да се биде на средината на табелата и дека седмото, осмото или деветтото место е одлично, тоа едноставно не е за мене. Тоа не е во моја природа, не сум јас”, додаде Португалецот.