Тони Крос: Баерн направи голема грешка кога ме продаде на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Реал Мадрид, Тони Крос изјави дека Баерн направил голема грешка кога го продал на шпанскиот гигант.

Во 2014 година, Крос пристигна во Сантијаго Бернабеу за 25 милиони евра и иако минатата сезона беше објавено дека ќе го напушти Мадрид, тој потпиша нов договор до крајот на мај во 2023 година.

Германецот ја освои титулата шампиони на Шпанија со Реал Мадрид во 2017 година и три пати по ред трофејот на Лигата на шампионите, а во 2018 година Кикер го прогласи за најдобар германски фудбалер за годината.

Тој во разговорот со Спорт Билд изјави дека Баерн не бил во право кога го продал во Реал Мадрид.

„Ми беше јасно дека Баерн не беше во право со мојата продажба“, рече Крос.
„Точно е дека Ули Хоенес неодамна го потврди ова јавно и ова е доказ за неговата големина што на тој начин го искоментира ова“.

„Ако тоа беше една од причините зошто Пеп Гвардиола замина од Минхен, тој мора да одговори на тоа, но не можам да потврдам дека не му се допадна мојата продажба“, додаде играчот на Реал.

Неодамна, Хоенес призна дека одлуката за продажба на играчот од средниот ред можеби е погрешна, велејќи: “Клубот понекогаш мора да донесе тешки одлуки, а продажбата на Крос беше една од тие”.