Успешно организиран првиот Таеквондо ИТФ меѓународен турнир „Охрид Опен 2019“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ изразуваат огромно задоволство за екстра успешно организираниот турнир, „Охрид Опен 2019“.

На турнирот учествуваа околу 250 натпреварувачи од вкупно 26 клубови од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.

Од организаторите велат дека најбројни биле клубовите од соседна Бугарија, а истите биле составени од најдобрите поединци кои се натпреварувале во две дисциплини, форми и борби.

„ Изразувам најголема  благодарност на нашиот генерален спонзор        “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен што стигнавме до овој степен да можеме да организираме  турнир од ваков калибар, а воедно и најазслужен за одличната организација  на истиот турнир. Исто така  огромна благодарност до “Општината Охрид’  што несебично ни помогна да го организираме турнирот, а за да биде комплетно на највисоко ниво нашиот турнир со пренос во живо и прекрасни фотографии  ни помогна Стојан Стојановски , најдобриот во својата професија.  Оваа прилика ја користиме да му изразиме голема благодарност и нему и на целиот негов тим. Истотака благодарност на сите  што помогнаа во учество на ова натпреварување“- истакна Марјанчо Лазаревски (црн појас, V дан), главенорганизатор на турнирот.

Присутните посочија дека организацијата била на највисоко ниво иако за прв пат се организира ваков турнир.

„Според многуминанаправивме турнир што ретко  некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Натпреварот беше под водсвто на Сабум  Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VI дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ, и одговорен за југоисточна Европа, кој со своето искуство  помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот“ –заклучи Лазаревски.

За најдобари клубови  на натпреварот  беа избрани

1 место:   Калојан-Ладимекс од Перник

2 место:   Фалкон  од Благоевград

3 место:  Тервел 2006 од Севлиево

Инаку домашниот тим на натпреварувањето настапи со 37 натпреварувачи, од кои некои за прв пат се натпреваруваа на вакво натпреварување. Таеквондистите на „Хва Ранг ИТФ“ собраа вкупно 43 медали од кои 11 златни, десет сребрени и 22 бронзени медали.