Готово е: Манчестер Јунајтед го доби и второто засилување


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Многу англиски медиуми денеска пренесоа дека Манчестер Јунајтед и Кристал Палас постигнале конечен договор околу траснферот на Арон Ван Бисака.

Младиот, 21 годишен десен бек ќе пристигне на „Олд Трафорд“ за сума од 45 милиони фунти, плус пет милиони изразени во бонуси.

„Скај Спортс“ пишува дека Ван Бисака веќе е на пат кон Манчестер откако полетал од аеродромот во Лондон околу 17 часот.

Се очекува денес да го помине првиот дел од медицинските прегледи, а утре да ги има и завршните прегледи, по што би следела и официјална промоција на играчот.