Тотенхем ги победи Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед и е пред ангажман на големо засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Тотенхем се пред ангажман на првото големо засилување оваа сезона.

„Петлите“ постигнале договор со тимот на Лион за трансфер на 22 годишниот фудбалер од средниот ред, Тангуј Ндомбеле.

Ндомбеле во Северен Лондон ќе пристигне за клупска рекордна сума од 65 милиони фунти, а со Тотенхем ќе потпише петгодишен договор.

Трансферот треба да се реализира во следните неколку дена, а Тотенхем со ангажманот на Ндомбеле успеа да добие одличен играч од средниот ред за кого беа заинтересирани Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ.