„Заминувањето на Роналдо се почуствува, но важно е дека сите беа среќни поради тоа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2023 година, па тој ги изненади сите откако кажа дека планира да ја заврши кариерата штом му заврши соработката.

Исто така, Крос зборуваше и за Кристијано Роналдо со кој неколку години играше во Мадрид. Но, тоа заврши пред една година кога Португалецот го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и потпиша за Јувентус.

Крос порача дека заминувањето на Роналдо се почуствувало, но дека едноставно било нешто што не може да се избегне и дека најважно е тоа што сите стран на крајот биле среќни.

„Па, секако дека е невозможно да не се почуствува заминувањето на таков фудбалер како што е Роналдо. Тој реши многу натпревари. Сепак, реши да пронајде нови предизвци и го почитуваме тоа. Реал заработи многу пари и на крајот сите беа среќни со неговото заминување“, кажа Крос.