Арсенал ги победи Јунајтед и Тотенхем и стигна пред ангажман на првото засилување за следната сезона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„ЕСПН“ јавува дека од таборот на Арсенал го договориле трансферот на младиот стопер од редовите на Сент Етјен, ВИлијам Салиба.

За 18 годишниот играч од одбраната постоеше сериозен интерес и од Манчестер Јунајтед и Тотенхем, меѓутоа Салиба самиот одлучил да се пресели во Арсенал.

„Топчиите“ за фудбалерот кој зад себе остава одлична сезона во Лига 1 ќе треба да платат сума од 25 милиони евра.

Салиба сепак нема веднаш да го облече дресот на Арсенал затоа што ќе остане уште една сезона на позајмица во Сент Етјен пред и официјално да се пресели на „Емирати“.