Хлеб со шокантно откритие: Роналдињо и Деко постојано доаѓаа пијани на тренинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот белоруски фудбалер кој во кариерата играше и за Арсенал и Барселона, Александер Хлеб изненади многумина со својата изјава за некогашните асови на каталонскиот клуб, Роналдињо и Деко.

Во интервју за „Спорт“, Хлеб истакна дека Роналдињо и Деко постојано доаѓале пијани на тренинг и дека токму затоа од клубот се решиле да ги продадат и двајцата фудбалери.

„Роналдињо и Деко често доаѓаа пијани на тренинг. Дали знаете зошто Барса ги продаде во 2008? Затоа што беа уплашени дека така ќе го загубат Лео Меси“- истакна Хлеб.

Колку и да умееја со топката и беа вистински фудбалски романтици, се чини дека Барселона направила вистински потег со продажбата на овие двајца фудбалери.